Островјаните (1)
Владимир Милчин (режисер)Многу одамна, во една далечна земја, постоело идеално општество, чии граѓани не знаеле за денешните наши стравови. Но, нивниот водач открил дека во нивната земја нема да може да се живее во наредните 20.000 години. Нашол за нив прибежиште на еден остров. Природните богатства биле такви што, заедно со вложен труд и соодветно водство, овозможувале луѓето да можат да се префрлаат на други острови, додека не дојде мигот да се вратат онаму од каде што дошле.
Повеќе на
http://www.spic.com.mk/kolumna/ostrovjanite-1.html
Банда без команда
Бранко ГероскиБранко Геровски - Острилка Уште една дама поврзана со ВМРО-ДПМНЕ се прослави деновиве. Група вработени во Министерството за животна средина, со писмо што го обелодени Алфа, се жалат дека државната секретарка Лидија Зафировска ги навредувала и психички ги малтретирала.
Повеќе на
http://spic.com.mk/informacii/Ostrilka.html
Ти мене педер, јас тебе…федер!
Бранко ГероскиПред околу два месеца, јас и еден мој пријател, соборец во битката за европска Македонија, ручавме со тројца дипломати од една важна амбасада во Скопје. Шпиониравме, демек. Иницијативата беше наша. Сакавме луѓето да ги известиме дека додека ја дочекаме поделбата на првоборечки ордени, има добри шанси некои воспалени југенди реално да ги остварат заканите кои секојдневно ни се упатуваат нам и на нашите пријатели на разни начини - од повиците на линч во медиумите, до директните закани по телефони и слично. Се разбира, јас и мојот пријател не сме наивни да помислиме дека од ваквите разговори може нешто важно да се роди и дека странците којзнае колку се засекирале за нас. Туку, си рековме, ајде барем да остане некоја трага, некој запис, да не има во некој тефтер. За секој случај.
Повеќе на страна
1 2 3
КАПАК: Вкрстување на перспективите
Никола ГелевскиФилмот „Таксист", ремек делото на Мартин Скорсезе од 1976 година, во одредена смисла е филм за градот. За лошиот и валкан град кој во очите на психотичниот Тревис (Роберт де Ниро) станува стапица, отуѓен простор од кој нема бегање. Веќе во првиот кадар се соочуваме со ноќта, а испарувањата од уличната канализација го освојуваат целиот екран. Низ густите испарувања одеднаш се појавува возило и потоа екранот пак е прекриен со чад. Тие испарувања што доаѓаат од подземјето на градот, не предупредуваат на хтонски опасните слоеви и на самиот град и на поединецот изгубен во него. Маглата што го голта кадарот ни сугерира дека се наоѓаме во еден поместен простор што крие закани. Поблиска метафоризација и очовечување на тој нејасен и валкан простор добиваме кога камерата ги зумира очите на Тревис. За да го разбереме магливиот простор на градот ќе мораме да влеземе во магливиот ум на Тревис.
Повеќе
тука
Гласот на феминистките
Жарко Трајаноски„Прославивме“ уште еден „празник на жените“. Некои традиционално купуваа цвеќиња за „припадничките на понежниот пол“, некои подаруваа и поскапи нешта. Како и претходно, најубаво си поминаа кафеанџиите. Се' уште за многу жени Осми март е единствениот ден кога можат слободно да излезат во кафеана. За некои жени Осми март е единствениот ден кога мажите им приготвуваат ручек. Некои, пак, уживаа во единствената шанса да гледаат како нивните мажи прв пат се охрабриле да влезат во кујна за да ги измијат садовите.
Повеќе на
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4C961BD4457E0D4994DC90F305818ACE