Насловна

Последни колумни

Е-пошта Печати PDF


Изгорени од сонцето

Владимир Милчин (режисер)

Деснолевите „преродбеници“ од ден на ден се трансформираат во леводесни. Во неделата го зацрвенеа Скопје. Каде ли исчезна портокаловата? Пред очите ми треперат црвените знамиња и маици што ги носат младите груевисти додека чекорат пред тарабата што ја заградува најголемата дупка на нивната „преродба“. Тарабата е излепена со плакати на кои пишува ЗА ТАТКОВИНАТА (со црвени букви) ПРОДОЛЖУВАМЕ (со бели букви). Сцената како да ја режирал Михалков, режисерот на „Изгорени од сонцето“.

Повеќе http://www.spic.com.mk/kolumna/izgoreni-od-sonceto.html
(Објавено во Шпиц на 2 јуни 2010)


Историјата се повторува, како фарса

Бранко Героски

Словенецот Талер во Скопје јавно обелодени за што разговараат светските државници и дипломатите со премиерот Никола Груевски - го убедуваат дека ако постигне компромис со Грците, нема да го остават сам, да биде прогласен за предавник. Но, тие истовремено сфаќаат дека човекот блефира и дека е опседнат со идеите да го порази противникот, да стане јунак тепајќи ги Албанците, да му се признае дека е најголемиот економист на светот (бидејќи Македонија, демек, најуспешно ја совладала рецесијата) и секако, уверливо да победи на следните избори, за да може да продолжи да владее апсолутистички.

Повеќе тука
(Објавено во саботниот прилог во Шпиц, СЕГА на 29 мај 2010)


Робинзонада

Никола Гелевски

Во славниот анимиран филм Шрек (2001) го запознавме деспотскиот владател, лордот Фаркад, кој донесува закон „сите суштества од бајките" да бидат проследени до властите, оти во неговата совршена држава нема место за „изродите". Потоа тие „изроди и предавници" треба да бидат сместени во посебни логори, надвор од контролибилниот свет на Фаркад опседнат со своето магично огледало. „Бајковидните елементи", Пинокио, трите прасиња и Магарето, треба да бидат натрупани во камиони и избркани.

Повеќе тука
(Објавено во Глобус на 1 јуни 2010)



Афроазиска Империја Македонија

Жарко Трајаноски

Добар ден ВМРО, добро утро Македонијо! Џабе ни се закануваат со ЕУ и со НАТО. Џабе ни се закануваат со ДУИ и со рушење на власт. Не постои закана која може да не' натера да ги смениме името и идентитетот. Македонија е вечна! Македонско име нема да загине!

Повеќе на http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1D7E21B0199B994B839AA0461BC6455F
(Објавено во Дневник на 2 јуни 2010)


(Рас)плетка

Мерсел Биљали

Годинава ќе биде круцијална за политичката судбина на Груевски и на сите нас. Тој сега ја има шансата - или ќе влезе во историјата или ќе заврши во историјата...

Повеќе  http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FA7F4793A83ED34CB4C471302ACF4809
(Објавено во Дневник на 30 април 2010)
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

Последно освежено на Петок, 04 Јуни 2010 15:32