Од МЕТЈУ БРУНВАСЕР Објавено во Њујорк Тајмс на 24 јануари 2012 година
Повеќе од 20 години откако поголемиот дел од Источна Европа го чистеше јавниот живот на агентите, известувачите и другите приврзаници на комунистичкиот систем, сега на ред е
Македонија.
Владата, со седиште во Скопје, е во завршната фаза од спроведувањето на нејзината широка програма, принудувајќи ги луѓето од најразлични професии на давање заклетва дека не биле соработници, и предизвикува судир со највисокиот суд на државата, којшто ја прегледува уставноста на мерката.
Во рамките на оваа мерка, новинарите и вработените во невладините организации, политичките и верските организации се обврзани да поднесат изјава до 31 јануари во врска со тоа дали некогаш соработувале со службите за државна безбедност.