Добро упатен пријател ме извести дека американската владина агенција УСАИД планира во следните четири години да потроши 2 милиони долари за поддршка на македонските медиуми, за јакнење на новинарската заедница и на процесите на саморегулација. Без сомнение, тоа е потег за поздравување. Впрочем, од 1993 година до денес, американските даночни обврзници, преку УСАИД, во Македонија инвестирале близу 500 милиони долари, главно за имплементација на проекти кои создаваат работни места, ја намалуваат корупцијата, го подобруваат образованието и слично. Американците се и наш главен поддржувач на процесите на демократизација на земјата.
http://www.plusinfo.mk/mislenje/318/Dali-USAID-kje-go-nafatira-ZNM-za-da-vrevi-site-sme-isti
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26







