Бранко Героски
Отворени писма, вообичаено, се пишуваат кога луѓето против нешто или против некого протестираат. Тоа го прават понекогаш самостојно, а понекогаш и како дел од организирани епистоларни кампањи. Со една таква кампања деновиве се соочува еврокомесарот за проширување, господинот Штефан Филе. Јас, пак, решив Вам да Ви се обратам со отворено писмо, со сосема поинаква намера. Едноставно, сакам јавно да Ви се заблагодарам за личните напори што ги вложивте за да ги убедите властите на мојата земја дека нешто мора да сторат за да овозможат поголема слобода на говорот и итно да ги ослободат новинарите од прангиите на секојдневните закани со драконски пресуди за кривичните дела навреда и клевета, кои прераснаа во секојдневна пракса на заплашување и цензура, во која се инволвира и нашето судство.
http://www.plusinfo.mk/mislenje/346/Drakonskite-kazni-za-kleveti-se-akti-na-zaplashuvanje-i-cenzura