Како што слушам вечерва, после оној контроверзен и бездруго неодмерен уводник на Владо Ѓорчев, уредникот на Плусинфо, кој резултираше и со реакција на ЗНМ (што порталот ја објави уредно, без коментар), на Фејсбук сега се организирала нова канонада на напади и дрски навреди врз порталот, врз моите колеги и врз мене лично, како раководител на проектот. Се разбира, бидејќи не очекувам сега ЗНМ да се огласи со „згрозеност“ поради тоа што нашите колеги нe нарекуваат хомосексуалци, проститутки, неспособни суштества и социопати, решив да ги замолам моите колеги од Плусинфо да се воздржат од било каква полемика на Фејсбук и да ми дозволат јас да се огласам со одговор на оваа трагикомична кампања.
21.12.2011
http://www.plusinfo.mk/mislenje/395/Honorarite-ni-se-skromni-ama-barem-ne-sme-izmekjari-na-Gruevski-| Коментари |
|







