Првакот на НСДП, Тито Петковски, на парламентарните партии им понуди да потпишат договор, со кој ќе се обврзат заеднички да ги решат „најгорливите" прашања во земјава - проблемот со името, имплементацијата на Рамковниот догоор и целосното помирување по конфликтот во 2001 година. Петковски изјави дека е време власта и опозицијата да покажат умереност, мудрост и одговорност. Со исклучок на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која остана воздржана, другите партии, главно дипломатски и куртоазно, ја поздравија идејата на НСДП, не заборавајќи да нагласат дека очекуваат да видат што конкретно ќе предложи Петковски и дали тоа навистина може да биде платформа за консензус меѓу власта и опозицијата.
Повеќе
тука(Објавено во саботниот прилог во Шпиц, СЕГА на 4 јуни 2010)