Од распаѓањето на поранешниот СКМ, не сум член ниту на една партија. Не учествувам на политички настани. Додуша, сум бил на неколку партиски конгреси и конвенции, на разни партии, леви и десни, та дури и на една комитска вечер, но секогаш како гостин. Во принцип, не се занимавам со политички активизам, ако не морам. Тоа е мојата „црвена линија". Јас сум новинар и колумнист, имам можност секој ден да кажам што мислам за политиката и за политичарите. И тоа е доволно. Сепак, тогаш кога чувствувам дека политиката пресудно влијае врз нашите животи, кога не сакам да ме фати матната без јавно да си го кажам своето, правам исклучоци.
Повеќе
тука(Објавено во саботниот прилог во Шпиц, СЕГА на 26 јуни 2010)