Чувме деновиве дека по силнине дождови покривот на Илинденска 66 почнал да прокиснува и дека викнапе мајстори да го поправат. Се јавуваме кај фиљан чоек во владата, да прашаме што е работата. Типот моменталистички паѓа во кома. Пупунец! „Не знам ништо! Немам информации!". А бре, човече, не е ништо политички, покрив ко покрив, може да попушти. „Аман, немојте, ве молам!". Баталете, им велам на колегите, ќе го земеме човекот на душа. Каква драма, каква паника, каков очај! Полека, но сигурно, сите сфаќаат дека оваа очајничка влада, едноставно, не ја бидува. Ете, слушам дека во тоа конечно се убедил и амбасадорот Филип Рикер и дека можеби ќе мора да не напушти порано од планираното, а онолкава амбасада да биде оставена со вршител на должност. Е така е тоа кога некои луѓе учат ко шарпланинци долго памтат, ама бавно сфаќаат. Никола Груевски потроши двајца американски амбасадори за еден мандат. Џилиен Миловановиќ заврши во Мали. Се надевам дека мојот пријател Фил, кој е фин човек, ќе помине подобро.
Повеќе тука
(Објавено во саботниот прилог во Шпиц, СЕГА на 24 јули 2010)
| Коментари |
|









