Ни збор против „Дневник". Ова ветување си го дадов кога пред пет години ја напуштив редакцијата на весникот чиј основач сум и кој ги доживеа своите ѕвездени мигови тогаш кога јас го водев. Немав кому другому да ветам, освен себеси. На луѓето во редакцијата не им должев ништо. Напротив, многумина од нив мене ми должат. Се разбира, животот е прекраток човек да го посвети на наплата на моралните долгови, па затоа одамна решив односите во мојата стара редакција да ги препуштам на заборавот. Но, мојата обврска кон „Дневник", кон моето првородено чедо, остана.
Повеќе
тука(Објавено во саботниот прилог во Шпиц, СЕГА на 14 август 2010)