Тукуречи до вчера, признавам, се уште не ми беше јасно зошто на партиската журка на ВМРО-ДПМНЕ на Илинден во Крушево се беше појавила онаа необична парола „подобро ужасен крај, одошто ужас без крај". Знам, се разбира, дека тој фаталистички крик на Мечкин Камен нема ништо заедничко со херојството на Дамјан Груев, кому инаку му се припишува оваа изрека. Попрво би рекол дека таа, во денешен контекст, може да го објасни само мрзеливиот начин на кој лековерните заљубеници во ликот и делото на другарот Никола Груевски го прифакаат неизбежниот пад на овој популистички режим.
Повеќе
тука(Објавено во саботниот прилог во Шпиц, СЕГА на 28 август 2010)