Ако некој од вас ми каже дека вонредните парламентарни избори на 5 јуни беа фер и демократски, јас без двоумење и без скрупули ќе мора да му кажам дека е будала. Дури и мегународните посматрачи, кои ги легитимираа изборите како регуларни, во своите извештаи ги нотираа појавите на кои предупредував во моите колумни во предизборието масовно заплашување и притисоци врз избирачите, безобразно трошење на јавни фондови за кампањата на владејачката партија и жестока корупција на провладините медиуми и на јавниот медиумски сервис.
повеќеОбјавено во Шпиц на 11.06.2011