Ми падна в раце една книга со хиндуистички приказни, со содржини детерминирани од филозофијата на живеењето. На едната од нив се раскажува како на една жена и' се присонило дека го сретнала Севишниот во улога на продавач. А што продавате? - го прашала жената. Господ и' одговорил дека кај него може да се најде се' што ќе и' посака душата. Жената станала пресреќна оти што и да купи од Господа, само по себе мора да биде рамно на совршенство. Помислила дека конечно е пред вечната среќа. Ќе си купи вечна љубов, вечен душевен мир, задоволство, почит, благосостојба и ред други слични плодови. Со тоа вечно ќе им стави крај на несреќите, на омразата, на сиромаштијата, на душевниот немир. Кога жената прашувала за цената на тие плодови, Господ со тивок и топол глас и' одговорил: „Госпоѓо погрешно сте ме разбрале. Ние овде продаваме се' што ќе ви посака душата, но само како семиња на тие плодови што ги барате“.
Повеќе
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1A1C874B18F0B240B05BCA6D90B94753