Додека богат студент и неговиот професор се шетале по природата, на ќошот на една нива виделе едни стари чевли што му припаѓале на сиромашниот селанец кој во мака си ја обработувал земјата. Ај да си се шегуваме со селанецот - предложил младиот студент - да му ги скриеме чевлите и да видиме каква ќе биде неговата реакција. Професорот не се согласил со таков тест, па му предложил на студентот да проба нешто сосема друго. На двете чевли да стави по еден златник, па да се скријат зад грмушка за да ја тестираат неговата реакција. Кога уморниот селанец си ја завршил работата и пошол по кондурите, многу се изначудил кога во своите чевли ги видел скапоцените златници. Плачејќи на сиот глас, паднал на колена и со главата кон небото извикна: Боже, конечно ќе можам да ги нахранам децата отсекогаш гладни, ќе се израдуваат до бесвест, тешко болната сопруга можеби ќе ја излекувам, а можеби ќе си купам и коњ за да си ја олеснам вечната мака. Професорот загрижено го погледнал студентот чии очи веќе беа во солзи и додал: - А што ќе беше да постапевме по твојот предлог?
Повеќе тука
(Објавено во Дневник на10 јули 2010)
| Коментари |
|







