Во регионот повторно турбуленции, дури и во соседна Албанија, која со години покажуваше натпросечни развојни резултати. Изгледа партизираните институции произведувале многу повеќе гнев отколку задоволство, па наспроти динамичниот економски раст државата се соочи со насилство. А и криминалот си е посебна приказна. И таму, исто како и кај нас, носителите на криминалот имаат се освен име и презиме. Сите овие негативности создадоа плодна почва за раст на незадоволството, кое лесно може да се инструментализира од политички манипулатори. Оттука, мора да се запрашаме - како може да се одвиваат работите тука кај нас, каде што имаме парализирана економија и многу повеќе партизација и криминал?
Повеќе (Објавено во Време на 28.01.2011)