Неделните избори во Словенија и во Хрватска како на тацна уште еднаш ни покажаа колку е далеку Македонија од Европа, и во временска и во просторна смисла. Изборите во земјите со кои до вчера делевме иста држава и слична култура, ни укажаа дека нашата земја, кога станува збор за демократските процеси, повеќе наликува на ориентална сатрапија отколку на цивилизирано општество. Изборите во Хрватска и во Словенија уште еднаш нè соочија со фактот дека изборите што ние ги имавме во 2008 и 2011 година во многу важни детали не беа демократски и фер. (На пример, во Република Македонија сите државни ресурси, сите режимски медиуми - и. т.н. „јавни“ и т.н. „приватни“, под контрола на олигаргијата - беа во функција на владејачката партија.
06.12.2011
http://okno.mk/node/15453| Коментари |
|







