Некни во Основниот суд Скопје I судијката Љубинка Башеска ме осуди по наредба на Драган Павловиќ Латас. Фигурата, инаку, е општо позната; познато е и дека, дури и според стандардите на нашиот општествен хербариум, станува збор за многу отровен примерок кому треба да се приоѓа со пластични ракавици и гумени чизми. Нејсе - налетав како што се налетува на змија во камењарник. И, по нарачка, ми спакуваа привремена судска одлука. Нарачката-наредба јавно беше изречена еден месец пред тоа во весникот „Вечер".
(објавено во Глобус на 15 јуни 2010)
Повеќе тука
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26









