Дали е „неприродно" спојувањето на левиот и десниот опозициски фронт контра политиката на актуелната власт?! Ми се чини дека не само крупнувањето на опозицијата е елементарен политички рефлекс кога иднината на земјата е доведена во прашање, туку дека коалицирањето меѓу левите и десните може да биде знак за стратегиско репозиционирање на македонската политичка сцена. Клучниот политички влог, кој среднорочно ќе ги одреди политичките односи во земјава, треба да биде европското прашање. И затоа мислам дека застарената идеолошка „лево-десна" поларизираност ќе нема никакво влијание врз новите распореди на моќта.
(објавено во Глобус на 22 јуни 2010)
Повеќе тука
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26









