Граѓани за Европска Македонија

Насловна Колумни Никола Гелевски Пастирот од нашиот ќорсокак

Пастирот од нашиот ќорсокак

Е-пошта Печати PDF

Најважното кулоарско политичко прашање деновиве кај нас е: дали Груевски може да си замине од власт без пролевање крв? Прашањето не е ниту мелодрамско, ниту ирационално; непризнавањето на Уставниот суд од страна на Владата, пред с? во врска со одлуките поврзани со проектот „Скопје 2014", значи непризнавање, т.е. уривање на постојниот уставен поредок во земјава. Елементарната логика, историјата и политичкото искуство велат дека рушењето на правниот систем на една земја не може да помине без крв. Повеќемина сериозни луѓе со кои разговарам (и од кои некои, за жал, ја избраа илегалата како престојувалиште во овие оловни години на груевизмот) мислат дека суштината на политичката филозофија на актуелната власт е насилството; дека примарните политички рефлекси на премиерот се нагли, афективни, агресивни и одмазнички; дека не постои буквално ниту една политички поделикатна ситуација каде што „пастирот" покажал воздржаност, мудрост или препуштање иницијатива на противникот. Брутално, примитивно, фронтално, до коска - тоа се начините на кои Груевски се бори во политичкиот „ринг". Оттаму, се заклучува во дел од кулоарите, но и во некои јавно публикувани анализи, неминовна е насилната разрешница на македонскиот политички ќорсокак.

Повеќе тука

(Објавено во Глобус на 06 јули 2010)

Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 


konkurs-pod-pregovori-web-175x125

foom-urgenten-font-baner-1