Лиле Поповска, пратеничката, пред извесно време во „Дневник" објави еден од најглупавите текстови што во поново време се појавиле во македонскиот печат. Глупоста и вулгарноста на тој текст не се примарни причини зошто ќе се позанимаваме со него. Текстот е пример за идиотизмот на владејачката политичка гарнитура, но е и индикатор за вкусот и знаењето на една лажна македонска елита поради која земјава се наоѓа во веројатао најбезнадежниот период во својата современа историја; еден од најупадливите симптоми на таа „елита" - чијшто прототип претставува пратеничката Поповска - е умислата дека на сељачиштата од ВМРО им треба троа покултивирана фасада и малку позамиени предводници.
Повеќе
тука(Објавено во саботниот прилог во Глобус на 31 август 2010)