Не ги пропуштам рапортите кај Јофе. Неговиот хумор е вистинскиот одговор на бродоломот што ни го приредија „преродбениците“. Остар и прецизен скалпел за трупот кој смрди и труе и кога се распаѓа, не помалку од деновите кога ни се закануваше дека ќе владее „до смрт“. Монтажниот скалпел на Јофе ги демаскира лагите со кои не затрупуваат, ги разголува пропагандните „дострели“ на Груевски и фамилијата, не потсетува на завчерашните лаги покриени со вчерашните и на вчерашните, покриени со денешните лаги. Да го немаше Јофе, оловните времиња што ги живееме ќе беа уште потешки.
Повеќе (Објавено во Шпиц на 09.02.2011)