Зар е ова истата полиција што го сардиса Перо Наков б.б., се прашував кога во неделата ги гледав телевизиските снимки од Калето. На 25 ноември 2010 година полицијата демонстрираше застрашувачка бројност и моќ, а на 13 февруари 2011 година видовме засрамувачка немоќ и безглавост. Немам дилеми кој командувал со операцијата „Замолчување на критичките медиуми, прва фаза“, но имам дилеми дали командантите на операцијата „2001 година втор пат, прва фаза“ работеа договорено или само не си пречеа. Едно е сигурно, „сервата“ се играше во дворот на власта.
Повеќе
http://www.spic.com.mk/kolumna/palikuki-na-vlast.html(Објавено во Шпиц на 16.02.2011)