Граѓани за Европска Македонија

ГОДОЈАВЛЕНИЕ

Е-пошта Печати PDF
„Стигна ли?“ - ме праша мојата пријателка во саботата вечерта во „Менада“ во која отидов со екипата на „Чекајќи го Годо“ за да си наздравиме за премиерата. Не ја разбрав веднаш. „Дојде ли човекот?“ - го дополни таа прашањето, но уморот сé уште ми пречеше да ја разберам. „Го дочекавте ли?“ - беше нејзиниот трет обид, по кој ми светна дека таа мисли на Годо, оној што го чекаат Гого и Диди, двајцата бездомници во веќе класичната Бекетова пиеса. Не се сеќавам што ѝ одговорив. А можев веднаш да ѝ одговорам: „Не дојде, не го дочекавме“. И да продолжам: „А зошто би дошол кај нас, кога не дошол кај Бекет? Зошто доаѓањето Годо би дошол токму во подрумот на некогашниот Театар на народностите?“ Зошто би им ги олеснил маките на оние кои страдаат од кратко паметење? Зошто би им одговорил на оние кои копнеат, а не знаат по што копнеат? Зошто еден морков е доволен Гого и Диди да заборават дека ги мачи неслободата? Зошто за робовладетелот Поцо мислат дека е долгоочекуваниот Годо? Зошто веруваат дека Момчето кое оди како Пајо Паторот е гласник на долгоочекуваниот Годо? Зошто? Дали одговорот на бројните прашања се крие во мигот на луцидност кога Гого ќе праша: „Зар ги изгубивме своите права?“, а Диди ќе одговори: „Ги распродадовме!“? А зошто, зошто, зошто?   

Повеќе

Објавено во Шпиц, на 04.05.2011
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

Последно освежено на Четврток, 05 Мај 2011 09:25