Дали Латас го мачат повремени привиденија или се работи за фатаморгана во континуитет? Дали неговото халуцинирање е резултат на потсвеста или на подземни текови на свеста? Или просто се работи за апсолутен недостиг на морал? Како да се објасни тоа дека Латас ме видел таму кај што не можел да ме види? Во неговиот понеделнички текст во „Вечер“ со „македонски“ наслов „Лешинари“, тој просто излажа дека Милчин и Геровски биле на протестите на младите против убиството на младиот Мартин Нешкоски. Излажа и остана жив, би рекол народот.
повеќеОбјавено во Шпиц на 15.06.2011