Во 2006 г. лидерот на опозицијата (сегашен премиер) изјави: „Нам не смее да ни се случи по 4 години да н` плукаат по улица...“ Доби мандат да ја искористи „последната шанса на Македонија во која мора да има покачување на животниот стандард на граѓаните, мора да има повеќе работни места, да се спроведат програмите што ќе се ветат“. Критикуваше за неостварени ветувања, за зголемена сиромаштија, невработеност и корупција. Но, на крајот на 2010 повторно важат истите критики. Со една битна разлика. Во 2006 можеше слободно да се плука власта по улица. Сега има глоба за плукање по улица од 50 евра, а се прогонуваа студенти за „карање, викање и непристојно однесување“ на јавен протест.
Повеќе
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=95A61A43C782644D9A43E088B7FF85DD(Објавено во Дневник на 29.12.2010)