Пироманијата е ментално нарушување кое произлегува од неспособноста да се контролираат нагоните. Пироманите немаат „огноотпорност“. Не можат да му одолеат на нагонот за потпалување. Како што не успеваат да им одолеат на своите нагони клептоманите, патолошките коцкари и луѓето со деструктивни изливи на гнев и на бес. Кај пироманите намерното палење оган предизвикува опуштање, задоволеност и олеснување. По настаните на Скопското кале почувствував стремеж за с` да ги обвинам „пироманите“. Но, по кусо размислување, заклучив дека за разгорувањето на националистичкиот оган на Скопското кале најмалку би требало да ги осудуваме пироманите. Зошто?
Повеќе
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6CC9747EA9FDBE4BBA8278769745A2D7(Објавено во Дневник на 16.02.2011)