Што е негативна појава - хомосексуалноста или хомофобијата? Пред две години ме известија за „негативностите на човечката сексуалност“ во учебникот „Педагогија“: „Меѓу негативните појави на сексуалниот живот на човекот, но истовремено и значајни општествени проблеми се: проституцијата, половите болести, половото силување, хомосексуалноста и лезбиството...“ Тогаш на блог напишав: „Да се укине педагогијата!“ Повикав: „Да се укине педагогијата затоа што го повредува достоинството на „Аце наш, голем маж!“ Оти, и за него важи констатацијата на авторките на учебникот - „учесниците на таков изопачен, неприроден и, што би рекле, ненормален сексуален живот се личности со психички тешкотии и пречки“.
Повеќе
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B6203398AD82804BB1F73D0B97512249(Објавено во Дневник на 09.03.2011)