И друг пат имало силни земјотреси и цунами во Јапонија. И друг пат има удрено цунами во нуклеарка (во индиската атомска централа Мадрас, во 2004), ама таа беше безбедно исклучена. „Но, овој пат работите не одеа баш толку мазно.“ Земјотресот предизвика цунами, цунамито го прекина процесот на ладење на исклучените реактори во Фукушима. Околината е озрачена, а кризата се' уште трае. Според меѓународната агенција за атомска енергија, ситуацијата останува „многу сериозна“ (21.03). Дали за „несреќата“ ќе ги обвиниме земјотресот и цунамито или, пак, инженерите кои изградиле небезбедни системи за ладење нуклеарни реактори (во досег на цунами)?
Повеќе
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DAF16C15A26AFF4EAAA9D5CC01E46B45(Објавено во Дневник на 23.03.2011)