Процесот на создавање нации е особено комплексен на Балканот и фотографиите на Кан токму тоа го покажуваат. Националното обединување по примерот на Западна Европа има катастрофален ефект за луѓето од османлиска Македонија, но чудесните фотографии одново ни го откриваат исчезнатиот космополитски дух на овој дел од континентот.
По завршувањето на проекцијата, следуваше дискусија со присутните. Модератор на дискусијата беше Кристина Николовска, а за филмот говореа Ирена Стефоска и Драги Георгиев.
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26




