Граѓани за Европска Македонија

Насловна Вести Зборно место: Бројни манипулации во процесот на лустрацијата

Зборно место: Бројни манипулации во процесот на лустрацијата

Нестручност на кадрите, пропусти во докажувањето на точноста на одредени досиеја, како и недостаток на клучни докази со кои се докажува соработнички однос, се само дел од инструментите со кои може да се врши манипулација врз процесот на лустрација. Ова е генералниот заклучок на 37-мата дебата одржана на 25-ти август во клубот ГЕМ, насловена како „Манипулации со лустрацијата.“


Отворајќи ја дебатата, модераторот Мерсел Биљали истакна дека според него, лустрацијата не е ништо повеќе од лов на вештерски и инструмент за пресметка со неистомислениците. На дебатата големо внимание беше посветено на работата на службите, односно на институционалната рамка со која се гради соработничка мрежа. Гостинот на дебатата, Владимир Пивоваров, сликовито го објаснуваше процесот на градење соработничка мрежа, но и манипулациите со кои се служеле припадниците на службите во наоѓање и добивање на одредени информации. Осврнувајќи се на актуелниот процес на лустрација, Пивоваров наведе неколку начини за манипулација со фактите. Како прво, тој ја посочува нестручноста на лицата кои членуваат во Комисијата за верификација на фактите. Според Пивоваров, комисијата треба да биде составена од лица кои имале долгогодишно искуство во начинот на работа на службите. Понатаму, потребни се пет услови кои треба да бидат исполнети за некој да биде прогласен за кодош, меѓу кои и потпис на соработникот дека свесно соработува со тајните служби, но и дека напредувал во кариерата благодарение на маките на лицето кое било кодошено. „Само оној кој градел кариера врз туѓа несреќа, може да биде лустриран“ порача Пивоваров.

Во вториот дел од дебатата учество зедоа и истакнати интелектуалци како Маргарита Цаца Николовска, Владимир Милчин, но и поранешни членови на тајните служби, кои беа согласни дека во моментов Македонија нема капацитет да овозможи правичен процес на лустрација, па оттаму чинот на лустрација е само инструмент за борба против политичките неистомисленици. Силен доказ за тоа се огромните пропусти во постапката на верификција на фактите, но и во понатамошното докажување на невиноста на лицето кое е посочено како поранешен соработник на тајните служби.
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Најави