Граѓани за Европска Македонија

Насловна Вести Промоција на книгата „Античка сегашност“ од Анастас Вангели

Промоција на книгата „Античка сегашност“ од Анастас Вангели

На 25 август во вечерните часови во ГЕМ клубот беше одржана промоција на книгата на Анастас Вангели, „Античка сегашност, осврт кон грчко-македонскиот спор за Александровото наследство“.


vangeli-1Книгата е издание на Темплум, кое е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено општество - Македонија. За книгата зборуваа Ирена Стефоска, Жарко Трајаноски и Владимир Милчин. Промоторите ја истакнаа сериозноста, комплексноста и широчината на трудот на Вангели. Беше истакната и посебната улога на оваа книга во нашиот контекст, пред сè поради храброста на авторот да се зафати со една толку деликатна и културно-политички контроверзна тема. Тројцата промотори се согласија дека Вангели перфектно се соочил со предизвиците и составил вредно четиво кое може значајно да придонесе за подоброто разбирање на грчко-македонскиот спор околу античкото наследство.

Самиот млад автор Анастас Вангели (24) истакна дека на книгата работел последниве три и пол години и дека првичната верзија на книгата всушност ја претставува неговата магистерска теза пред две години одбранета на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта.

Линкови кон делови од книгата на Вангели:
http://okno.mk/node/13351
http://okno.mk/node/13396
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Најави