Насловна Вести СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

СТОП
за етнона(р)цизмот и националистичкиот говор на омраза!


ГЕМ најостро ја осудува инволвираноста на власта во етноцентричниот проект „Македонска енциклопедија“ кој предизвика вистинско цунами во меѓуетничките односи во Македонија.

ГЕМ бара од сите надлежни институции да преземат решителни мерки за запирање на етничкиот конфликт кој беше предизвикан со политичката промоција на „Македонската енциклопедија“ од страна на премиерот Никола Груевски, кој ја промовираше „објективната“ енциклопедија како придонес кон „вистината за нас во минатото“.

ГЕМ најостро го осудува обидот на премиерот да се амнестира од скандалот со енциклопедијата, да ја префрли целата одговорност на МАНУ и дури да ја замајува јавноста покажувајќи со прст кон некакви „мрачни сили“.

Ако Владата немала намера да се меша во науката, тогаш не е јасно зошто Никола Груевски прво даваше политички оценки на промоцијата на „Македонската енциклопедија“, а потоа се правдаше - „не сум бил ниту прашан, ниту сум учествувал“? Особено загрижува фактот што обидот за себеамнестирање на Груевски беше проследен со говор на омраза кон критичарите на „Македонската енциклопедија“ од страна на провладините новинари кои, бранејќи ги дискриминаторските одредници од енциклопедијата, отворено почнаа да прашуваат „каква изгледна опција за нас Македонците се ЕУ и НАТО“.

ГЕМ го осудува лицемерието на коалициските партнери Груевски-Ахмети, кои најпрвин активно учествуваа во потпалувањето на националистичкиот пожар, потоа трпеливо чекаа две седмици да се рашири говорот на омраза и етничката и верската нетрпеливост, а сега глумат пожарникари и миротворци, божем искрено загрижени за меѓуетничката кохабитација и евроатланските перспективи на Македонија.

ГЕМ потсетува дека потфрлањето на институциите на системот во одбраната на мултиетничкиот соживот во Македонија од „спонтаните“ насилници во Струга, Нерези и на скопскиот плоштад ги охрабри пироманите неказнето да продолжат со говорот на омраза чија ескалација претставува закана за опстанокот на Републиката.
ГЕМ бара од Комитетот за односи меѓу заедниците да одржи итна седница и да ја утврди одговорноста на сите актери кои (со активност или пасивност) не само што го загрозија „развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество“ туку ја доведоа Македонија до работ на бездната.


Скопје, 1 октомври 2009 година
Граѓани за европска Македонија


Соопштението на албански јазик (.pdf 110kb)
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."