Проевропската ориентација е најпатриотската опција за Македонија. Ова е еден од заклучоците на минатонеделната трибина, која во организација на граѓанската иницијатива „Граѓани за Eвропска Македонија“, се одржа во Велес, на 6 ноември 2009 година. Бранко Героски, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец на трибината разговараа со велешани за предизвиците кои ја очекуваат Република Македонија пред декемвриската одлука на Советот на министри на ЕУ.Прашањата за кои се разговараше на трибината, според учесниците, не се прашања кои ги засегаат само политичарите. Напротив, ги засегаат сите граѓани на Република Македонија, па оттаму и потребата граѓаните да демонстрираат нагласено критичко мислење и да конституираат жесток демократски притисок врз Владата, а се со цел побрзо да влеземе во Европската унија.
Во време кога се прославуваат 20 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид и воспоставувањето на новата европска судбина, Македонија се уште тапка во место и се врти во кругот на лошо владеење, популизам и власт која не сака да преземе одговорност. Распишувањето референдум за името, без отворен и јасен став на власта, за ГЕМ претставува само уште еден начин на власта да манипулира со народот, без да преземе одговорност за прашањата клучни за државата.Учесниците на трибината сметаат дека премиерот Груевски мора да преземе одговорност и да донесе одлука што ќе ни обезбеди европска иднина. Се плашат дека до 7 декември ќе се засилат манупулациите со јавноста и дека оваа власт не е спремна да се откаже од авторитарното владеење. Според нив, на власта не и одговара отворањето на поглавјата за преговори со Унијата, затоа што структурите на ЕУ ќе имаат поголемо влијание врз случувањата во државата.
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26