Денеска, 22 јануари 2010 година, до Основниот суд Скопје I беше поднесена тужба против уредникот во весникот „Вечер“, Драган Павловиќ – Латас. Тужбата ја поднесоа оштетените Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Ивица Антески, Маја Бојаџиевска, Џабир Дерала, Лидија Димова, Гордана Дувњак, Ѓунер Исмаил, Жарко Јордановски, Ема Марковска Милчин, Ида Протуѓер, Билјана Секуловска и Ерол Ризаов, по повод наодите изнесени во написот „
Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“, објавен во „Вечер“ на 18 декември, 2009 година.
Во тужбата се наведува дека во текстот во „Вечер“ се објавени невистини со цел да им се наштети на угледот и на честа на новинарите, интелектуалците и на претставниците на граѓанските здруженија што се споменуваат.
Тужбата се поднесува против главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ - Латас со оглед на тоа дека објавениот текст во „Вечер“ не е потпишан.