На 3-ти јуни 2010 година, во ГЕМ клубот беше промовирано македонското издание на „Темната страна на револуцијата“ од Едмунд Берк, објавено од страна на Фондацијата Институт отворено општество Македонија.
Книгата „Темната страна на револуцијата“ содржи извадоци од делото „Размислувања за Француската револуција“ и иако е пишувана пред повеќе од двесте години, и денес се смета за едно од антологиските и незаборавни дела во областа на револуцијата, но и демократијата и човековите права воопшто“ смета Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ.
Промоторот на книгата, Ерол Ризаов, во своето излагање направи паралела меѓу тогашната ситуација, непосредно по Француската револуција, опишана во делото на Берк и актуелните состојби денес, не само во
Објавувањето на македонскиот превод на книгата „Темната страна на револуцијата“ е дел од потпрограмата „Книги за дебати за отвореното општество“ која има за цел да го подигне нивото на јавната расправа во Македонија преку објавување и промоција на значајни дела.
Но кога водачите одбираат да се нудат на лицитицијата на популарноста, нивните способности за изградба на државата нема да бидат од никаква корист. Тие ќе станат ласкавци наместо законодавци и ќе станат инструменти, а не водачи на народот. Ако се случи некој од нив да предложи план за слободата, трезвено ограничен и определен со соодветни квалификации, тој ќе биде веднаш надитрен од другите натпреварувачи кои ќе произведат нешто посјајно и попопуларно. Ќе се кренат сомненија во врска со неговата верност кон каузата. Умереноста ќе биде стигматизирана како особина на плашливците а компромисот ќе биде прогласен за одлика на предавниците, сè додека, во надеж дека ќе ја сочува довербата која би му овозможила да модерира и да ја ублажува работата во некои прилики, народниот водач ќе биде принуден да се активира во пропагирањето доктрини и во воспоставувањето моќ, што понатаму ќе ја порази секоја трезвена цел кон која тој можеби целел на почетокот.
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26