Граѓани за Европска Македонија

Насловна Вести ДЕКЛАРАЦИЈА НА ГЕМ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКА ОПРЕДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕКЛАРАЦИЈА НА ГЕМ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКА ОПРЕДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА

Седумнаесет проевропски политички партии и 55 здруженија ја поддржаа Декларацијата



Седумнаесет политички партии и 55 здруженија и фондации, денес, на 11 јуни 2010 година, ја потпишаа Декларацијата за Македонија во ЕУ и НАТО, иницирана од движењето „Граѓани за Европска Македонија“ (ГЕМ).

DSC_8798Во ГЕМ клубот, потписниците на Декларацијата, недвосмислено истакнаа дека внатрешната интеграција на Република Македонија е нераскинливо поврзана со нејзината интеграција во Европската унија и НАТО и дека „нема да прифатиме проблемите со кои се соочуваме на патот на остварувањето на нашата стратегиска цел, а кои произлегоа од ирационалниот спор што нема основа во реалните односи меѓу Република Македонија и Република Грција и меѓу двата соседни народа, да бидат изговор нашата земја да го напушти евроинтеграцискиот процес“.

DSC_8838Политичките партии: ВМРО - Народна партија, Граѓанско либерална партија на Македонија, Движење за национално единство на Турците, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Зелена партија на Република Македонија, Либерална партија на Македонија, Нова алтернатива, Нова демократија, Нова социјалдемократска партија, Обединети за Македонија, Партија на пензионерите на Република Македонија, Партија за движење на Турците во Македонија, Партија на слободни демократи, Прогресивна партија, Социјалдемократски сојуз на Македонија, Сојуз на Титови леви сили, Странка за демократска акција на Македонија ја изразија нивната подготвеност и посветеност, спорот со Грција за името, со кое треба да се замени времената референца „Поранешната Југословенска Република Македонија“ и со кое нема да се оспорат или загрозат атрибутите на етничкиот идентитет на мнозинското население во државава, да го решат, како одговорни политичари, со интензивни, проактивни и плодни преговори. Едновремено, тие истакнаа дека одговорните политичари не смеат да ги избегнуваат обврските на лидерството и дека се подготвени да го дадат својот придонес во оваа насока.

Заради остварувањето на овие цели, потписниците на Декларацијата, сметаат дека е неопходно во Македонија да се поведе широка јавна дебата чија цел ќе биде да се охрабрат проевропските сили и да се застане на патот на стигматизацијата на европската идеја поради тензичниот спор со Грција и емоциите што тој ги предизвикува.

На крајот, проевропските политички партии и граѓанските здруженија ги повикаа Европската унија, САД, Република Грција и сите европски пријатели, на претстојниот Совет на ЕУ во Брисел, да донесат одлука со која ќе ги охрабрат граѓаните на Република Македонија и силно ќе ги поддржат нивните надежи за европските перспективи на државата.
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Најави


konkurs-pod-pregovori-web-175x125

foom-urgenten-font-baner-1