Зборувајќи за иднината на Македонија, иницијаторите на ГЕМ, Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски, делеа различни ставови. Бранко Героски смета дека во месеците што предстојат сепак ќе се изнајде копмромис за името. Геровски своите ставови ги темели на неодамнешната посета на Борис Тадиќ и наводниот нов предлог за кој треба да разговараат македонските и грчките власти. Од друга срана, неговиот став не го делеше Роберто Беличанец. Според него, власта успешно ја користи силата како инструмент на владеење и работите нема да се сменат сè додека власта не се соочи со друга сила пред која ќе попушти.
Дебатата во Гостивар покажа дека добар дел од граѓаните ја изедначуваат промената на името со промената на идентитетот, па иницијаторите, преку примери објаснуваа дека промената на името не значи и промена на идентитетот и културното богатство. Следен домаќин на ГЕМ ќе биде Велес, а трибината ќе се одржи на 18-ти јуни со почеток во 18 часот.
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26






