Бранителскиот тим на Љубе Бошкоски, босанската адвокатка Едина Рашидовиќ и холанѓанецот, Генел Метро, не сакаа да говорат за политичките импликации на овој случај, туку зборуваа и ги нагласија неговите правни аспекти. Според нив, во Хашкиот трибунал не беше обвинета ниту Македонија, ниту беше повредено нејзиното право на одбрана. На Љубе Бошкоски не му се судеше, затоа што го наредил, или спровел она што се случувало во Љуботен, туку се утврдуваше дали постои командна одговорност и колку тој како министер за внатрешни работи ги презел сите нужни и разумни мерки за казнување на сторителите. Ослободителната пресуда на Бошкоски не е политичка одлука, туку правна, заснована на докази. Тој со ниту еден документ, или изјава не му наштети на Јохан Тарчуловски, бидејќи никогаш не сведочел против него.
Адвокатот Метро, кој е автор и на книгата „Правото на командната одговорност“, што наскоро ќе биде преведена на македонски јазик, потенцираше дека овој принцип е добро познат во меѓународното право и се користи за случаите од Сиера Леоне до земјите од поранешна Југославија. „Судскиот совет утврди дека Бошкоски ги презел сите обврски како надреден, иако истрагата што била спроведена за случајот Љуботен не била совршена и има многу пропусти“, рече Метро.На прес-конференцијата не присуствуваше Љубе Бошкоски, за да не добие политичка боја: Пред почетокот на настанот, пред ГЕМ клубот протестираа група приврзаници на Јохан Тарчуловски.
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26






