Граѓани за Европска Македонија

Насловна Вести Електронска порака испратена до лидерите на политичките партии во Република Македонија

Електронска порака испратена до лидерите на политичките партии во Република Македонија


Почитувани лидери на политичките партии,

Ви се обраќаме во името на Граѓаните за европска Македонија и уште 48 здруженија на граѓани и фондации кои ја поддржаа иницијативата на лидерите на сите политички партии во Република Македонија да им се предложи потпишување декларација со која се реафирмира определбата на Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Поддршката на граѓаните за Македонија во ЕУ и НАТО е несомнена и изнесува над 80%.

Потребата од остварување на евроатланската интеграција на Македонија е исто така несомнена доколку посакуваме безбедна, стабилна, демократска и просперитетна Македонија.

Потребата од деблокирање на процесот на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, низ забрзување на реформите и низ плодотворни преговори во спорот за името, е од приоритетна важност.  

Веруваме дека Декларацијата што Ви ја испраќаме го изразува тој дух и претставува силна поткрепа ЗА определбата на Македонија да припадне таму каде што ѝ е местото, во Европа, споделувајќи ги вредностите на европската цивилизација, без оглед на идеолошката определба на партиите кои се на власт или во опозиција, денес или утре.

Во тоа име Ве покануваме, доколку ги споделувате со нас духот и текстот на Декларацијата, во петок, 11 јуни 2010 година, во 12.00 часот во Клубот на Граѓаните за европска Македонија (на влезот во Старата Чаршија, на првиот кат од некогашна „Менада“), на свечено потпишување на Декларацијата. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите до четврток, 10 јуни во 12.00 часот, за да можеме имињата на партиите чии лидери ќе ја потпишат Декларацијата да ги наредиме по азбучен ред, според називот на партијата. На свеченото потпишување предвидуваме само Декларацијата да се прочита и да се потпише, шампанско за наздравување и заедничка фотографија на лидерите на партиите.  

Во прилог ја имате Декларацијата на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и англиски јазик.

Исто така, имате и табела со здруженијата и фондациите кои ја поддржуваат иницијативата на ГЕМ и текстот на Декларацијата.

Најпосле, имате и мапа со локацијата на Клубот на Граѓаните за европска Македонија.

Со надеж дека со потпишувањето на Декларацијата уште еднаш ќе ја потврдите цврстата и трајна определба за Македонија во ЕУ и НАТО, Ве очекуваме во Клубот на ГЕМ. На свеченоста ќе бидат поканети и медиумите и претставници на здруженијата кои ја поддржаа иницијативата за декларацијата.

Со почит,

Роберто Беличанец
Мерсељ Билали
Никола Гелевски
Бранко Героски
Владимир Милчин
Жарко Трајановски

Забелешка:

Обраќањето е испратено на електронските адреси за контакти на: ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, ДОМ, ПЕИ, ДУИ, СДСМ, ДНЕТ, ЛПМ, НСДП, НА, ОМ, ЛДП, ДПА, ВМРО-НП, ДСВМ, ПСД. На партиите кои немаат електронски адреси, ова обраќање сосе придружните документи ќе им биде испратена со брза пошта.

Преземете ја Декларацијата на македонски
Преземете ја Декларацијата на албански
Преземете ја Декларацијата на англиски
Преземете ја Декларацијата на босански
Преземете ја Декларацијата на ромски
Преземете ја Декларацијата на српски
Преземете ја Декларацијата на турски
Преземете ја Декларацијата на влашки

Табела со здруженијата и фондациите кои ја поддржуваат иницијативата на ГЕМ и текстот на Декларацијата

Локација на клубот на Граѓаните за европска Македонија:

MAPA_-_GEM_KLUB

Почитувани лидери на политичките партии,

Ви се обраќаме во името на Граѓаните за европска Македонија и уште 48 здруженија на граѓани и фондации кои ја поддржаа иницијативата на лидерите на сите политички партии во Република Македонија да им се предложи потпишување декларација со која се реафирмира определбата на Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Поддршката на граѓаните за Македонија во ЕУ и НАТО е несомнена и изнесува над 80%.

Потребата од остварување на евроатланската интеграција на Македонија е исто така несомнена доколку посакуваме безбедна, стабилна, демократска и просперитетна Македонија.

Потребата од деблокирање на процесот на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, низ забрзување на реформите и низ плодотворни преговори во спорот за името, е од приоритетна важност.

Веруваме дека Декларацијата што Ви ја испраќаме го изразува тој дух и претставува силна поткрепа ЗА определбата на Македонија да припадне таму каде што ѝ е местото, во Европа, споделувајќи ги вредностите на европската цивилизација, без оглед на идеолошката определба на партиите кои се на власт или во опозиција, денес или утре.

Во тоа име Ве покануваме, доколку ги споделувате со нас духот и текстот на Декларацијата, во петок, 11 јуни 2010 година, во 12.00 часот во Клубот на Граѓаните за европска Македонија (на влезот во Старата Чаршија, на првиот кат од некогашна „Менада“), на свечено потпишување на Декларацијата. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите до четврток, 10 јуни во 12.00 часот, за да можеме имињата на партиите чии лидери ќе ја потпишат Декларацијата да ги наредиме по азбучен ред, според називот на партијата. На свеченото потпишување предвидуваме само Декларацијата да се прочита и да се потпише, шампанско за наздравување и заедничка фотографија на лидерите на партиите.

Во прилог ја имате Декларацијата на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и англиски јазик.

Исто така, имате и табела со здруженијата и фондациите кои ја поддржуваат иницијативата на ГЕМ и текстот на Декларацијата.

Најпосле, имате и мапа со локацијата на Клубот на Граѓаните за европска Македонија.

Со надеж дека со потпишувањето на Декларацијата уште еднаш ќе ја потврдите цврстата и трајна определба за Македонија во ЕУ и НАТО, Ве очекуваме во Клубот на ГЕМ. На свеченоста ќе бидат поканети и медиумите и претставници на здруженијата кои ја поддржаа иницијативата за декларацијата.

Со почит,

Роберто Беличанец

Мерсељ Билали

Никола Гелевски

Бранко Героски

Владимир Милчин

Жарко Трајановски

Забелешка:

Обраќањето е испратено на електронските адреси за контакти на: ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, ДОМ, ПЕИ, ДУИ, СДСМ, ДНЕТ, ЛПМ, НСДП, НА, ОМ, ЛДП, ДПА, ВМРО-НП, ДСВМ, ПСД. На партиите кои немаат електронски адреси, ова обраќање сосе придружните документи ќе им биде испратена со брза пошта.
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Најави


konkurs-pod-pregovori-web-175x125

foom-urgenten-font-baner-1