Граѓани за Европска Македонија

Насловна Вести ГЕМ во Велес: Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?

ГЕМ во Велес: Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?

Прв дел

Втор дел

Во изминатите четири години премиерот Никола Груевски постојано ја влошува меѓународната позиција на Македонија и не работи на националните интереси. На трибината одржана на 18-ти јуни во Велес, иницијаторите на Граѓани за европска Македонија (ГЕМ) го обвинија премиерот Груевски за ширење на лажен патриотизам на штета на македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

„Можевме ли пред Груевски во ЕУ и НАТО без компромис? Ако можевме во 2005 да добиеме кандидатски статус и да бидеме пред вратите на НАТО под реферeнцата "поранешната југословенска република Македонија“, тогаш сигурно ќе можевме да станеме членки на НАТО и да добиеме датум за преговори, доколку не се појавеше националистичката политика на Груевски “, изјави Жарко Трајаноски.

На иста линија беше и Никола Гелевски кој го посочи проектот Скопје 2014 како пример за насилно преуредување на македонскиот идентитет. Од друга страна, Мерсељ Билали покрај лошата внатрешна политика, како причина за застој, ја посочи и лошата надворешена политика, односно ставањето на личните интереси во преден план, на штета на националните интереси.

Ирена Стефоска од Институтот за национална историја истакна дека Македонија отсекогаш ги делела европските вредности, и дека Македонските власти мора да најдат разумно решение за горливиот проблем со името, и што поскоро да станеме дел од ЕУ, каде што ни е местото.


Трибината на која присуствуваа стотина граѓани на Велес, беше проследена со долга и плодна дебата и докажа дека граѓаните во Македонија се желни за дискусија и размена на аргументи.
Коментари
Додади ново
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Website:
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Најави


konkurs-pod-pregovori-web-175x125

foom-urgenten-font-baner-1