Влезот во ЕУ и НАТО од витален интерес за Македонија
Иницијативата Граѓани за европска Македонија, ја продолжи серијата трибини „Можеме ли во ЕУ и НАТО без компромис?“. На трибината одржана на 23 јуни, во Битола, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски и Лидија Димова повторно ја актуелизираа дебатата за евроинтеграциите. Според нив, иако влезот во ЕУ и НАТО е витален интерес на Македонија, сепак граѓаните се длабоко изманипулирани дека државава може да стане членка на ЕУ и НАТО, без претходен компромис за името.
Економскиот аналитичар, Мерсељ Билали смета дека Македонија со пропуштената шанса за влез во НАТО, во 2008 година, загубила 15 милијарди странски инвестиции: „Доколку ги земеме државите кои станаа членки на НАТО во 2008 година, и ако ги споредиме сите параметри, како што се територија, население и слично, Македонија за овие три години (2008, 2009 и 2010) ќе добиеше околу 15 милијарди евра. Или околу 100 000 нови вработувања, но наместо тоа изгубивме учество во проектот АМБО.“ изјави Билали, додавајќи дека најбрзиот начин за влез во ЕУ и НАТО е без Груевски, односно со одговорна власт.
Останатите иницијатори на ГЕМ, во своите излагања ја истакнаа манипулацијата на која се изложени граѓаните, во врска со спорот за името. Според нив изедначувањето на името и националниот идентитет е вештачка појава и е резултат на опасната пропаганда што ни ја сервира власта. Оттаму, иницијаторите на ГЕМ повикаа народот активно да учествува во создавањето на сопствената иднина. „Факт е дека немаме многу време. Работите можат да се поправат, но сè зависи од нас самите“ изјави Владимир Милчин.Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, преку примери го аргументираше нејзиниот став дека премиерот Никола Груевски, иако декларативно се залага, во суштина не посакува влез во ЕУ и НАТО.
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26






