На 23 август во ГЕМ клубот Фондацијата Институт отворено општество-Македонија одржа конференција за печат на која беа презентирани наодите од анализата на ФИООМ за дисперзираните студии. Вкупниот број на факултети во државава (приватни, државни и дисперзирани) е зголемен безмалку за трипати (од 38 во 2004 г. на 99 во 2009 г.). Ваквата еуфорична дисперзија на високото образование отпочна со декрет на Владата, без анализа за вистинските потреби на пазарот на трудот и расположивите ресури на универзитетите, без соодветна стручна јавна дебата и без обезбедени услови (соодветни простории, соодветен наставен кадар итн.) –рече проф. д-р Зоран Т. Поповски кој ги презентираше клучните наоди од анализата. Процесот на дисперзија се соочува со бројни недостатоци и ќе има далекусежни последици по високото образование во РМ – од руиниран углед на академската професија, до нарушена универзитетска автономија, до многу нови универзитетски „професори“ преку ноќ, нерационално трошење на буџетски пари и што е најважно, лош квалитет на образовните услуги.
Теренското истражување покажа дека студентите на дисперзираните студии без размислување би ги продолжиле студиите на матичните факултети/универзитети во главните универзитетски центри доколку за тоа им биде обезбедена соодветна финанасиска помош во форма на стипендија или поволен кредит.
Анализата насловена како „Квалитетот на високото образование под прашање – дисперзијата како македонски феномен“ е базирана на податоците од расположивите документи, на мислењата на студентите од дисперизраните студии собрани преку теренско истражување, како и на мислењата/ставовите на универзитетскиот кадар и пошироката јавност за дисперзираните студии искажани во медиумите.Анализата е изготвена во рамки на проектот на ФИООМ Европските политики и македонското образование чија цел е зајакнување на европската перспектива на образованието во Република Македонија.
Преземете ја презентацијата (.ppt)
| Коментари |
|
Powered by !JoomlaComment 3.26






