Насловна Вести Промоција на книгата „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“

Промоција на книгата „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“

Книгата „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“ од авторот Кит Браун беше промовирано на 9-ти декмври во ГЕМ клубот. Книгата издадена од „Евро-Балкан пресс“, Институтот за етнологија (ко-издавач), а финансиски подржана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, го третира македонското прашање видено преку состојбата во Крушево и неговата локална историја особено, во периодот на дваесеттиот век.

Прв дел

Втор дел

Трет дел


kit-braun-1Според промоторот Владимир Милчин, ова дело е едно од малубројните антрополшки студии кое е посветено на Македонија. Делото, објавено во 2004 година на англиски јазик, со заложбите од Иститутот за етнологија, „Евро-Балкан пресс“ и ФИООМ, после неколку години станува достапно и на македонски јазик.

За Ирена Стефоска од Институтот за национална историја (ИНИ) студијата е заснована на богато архивско и етнографско истражувањe. “Низ осум поглавја, авторот ја истражува релацијата на идентитетот, националната историја и политиката на територијата на Македонија. Неговото внимание е насочено на интеракцијата помеѓу националната официјална историја и онаа локалната, на жителите на Крушево. Со тоа се добива спој на две различни видувања за одредени настани, кои некогаш меѓусебно се исклучуваат, а некогаш се надополнуваат.“ истакна Стефоска

kit-braun-2Вториот воведничар, Жарко Трајаноски, смета дека книгата претставува обид за рушење на историскиот тоталитаризам, односно спорот помеѓу официјалната и локалната историја. Според него, токму градот Крушево е перцепиран како симболички епицентар и претставува симбол на градењето македонски идентитет во дваесеттиот век.

Авторот на делото, Кит Браун, истакна дека со своето дело сакал да создаде книга која ќе биде отворена за дебата, а не да направи затворен финален документ за кој нема да се дебатира. Браун истакна дека главни предуслови за создавање на делото биле соработката со жителите на Крушево, заемната доверба и неговата упорност сите информации да ги склопи во едно наративно антрополошко-историско дело.

На промоцијата пристуваа истакнати гости од ИНИ, Институтот за историја на Филозофскиот факултет, Државниот архив, но и гости од граѓански здруженија и граѓани кои активно зедоа учество на дебатата.
 

Најави